|

Прилеп со концерт на „Луфтанза“ ќе го одбележи Денот на Медитеранот

Општина Прилеп е еден од повеќе од 50 градови што годинава ќе го одбележат Денот на Медитеранот, со организација на бесплатен концерт наменет за сите граѓани.



Настанот ќе се одржи на 28 ноември (петок), во кино салата „Мис Стон“ при НУЦК „Марко Цепенков“, каде што публиката ќе ужива во бесплатен музички настап на групата Луфтанза. Прилепчани ќе имаат можност да се дружат, да разменуваат искуства и да уживаат во медитерански музички дух.

За оние што нема да можат да присуствуваат, концертот ќе биде пренесуван во живо на YouTube каналот на GoGreen.

Настанот е поддржан од Anna Lindh Foundation и здружението Љубезност, а целта е да ги обедини звуците, приказните и ритмовите што ги поврзуваат медитеранските заедници. Логистички и организациски, настанот ќе го реализираат Општина Прилеп и Форумот за авангардна креативност – ФАК.

Слични Објави