До 13 со Дејан Ефтинџиоски – Dj Pete на крузер
1. Кога и како се зарази пуштањето музика?
-Веројатно во диско „Медуза“, на Junior Party во 12 на пладне. Да речам ко тригер, нешто шо ми побудило чувство за пуштање музика и форма на забава. Во минатиот век.
2. Првиот грамофон?
-Тechincks SL1210 MK2
3. Омилен сет и колку време ти требаше да го направиш?
– Првио на Оревче, ако морам да одберам, а иначе општо не сум љубител на претходно проготвени „аранжирани“ диџеј сетој. Сакам ко че е спонтато, by fly.
4. Што те мотивираше да работиш на крузер?
-Сакаш искрено или искрено? Ми требаат пари. J Дамнешна желба и предизвик уште од пред 13-14 години. Тогаш не успеав, ама ете сег си дојде, то шо веројатно цело време ми стоеше, некаде, во некоја мозочна вијуга зачаурено.
5. Што е најубавото а што најлошото на сетот наречен крузер?
Нема ништо лошо. Има досадни и глупи работи, шо се во име на правила и прописи како, сејфти, сикјурите, дрил, кабин инспекшн, а општи, далеку од дома од своите. Евентуално лошо, да ти се погоди цимер шо грчи и му смрда чорапите. Ама и то се решава. Убај работи: Го шеташ свето безпари, запознаваш нови лујџе и култури, стануваш пострплив, потолерантен, поодговорен…појче бројш до 10. Цапнуваш на места за кои не си знаел ни дека постојат. Почитуван си од колегите и гостите и не смеј влакно да ти фали. На кратко вака, на долго роман. (Не Жаре Роман)
