Ден исполнет со музика, спорт, дружба
Под мотото „Пролетта не мами, на Могила не кани“ се одржа целодневна дружба во паркот на „Могилата на непобедените“. Целодневната програма исполнета со музика, спорт, дружба со животни, надополнета со прекрасниот неделен ден ги намами прилепчани масовно да го посетат убавиот настан.
Паркот беше исполнет со деца, родители, баби и дедовци, ѓраѓани со домашни миленици кои уживаа во музката на детски и тинејџери иведувачи од градот.
Организатор беше Општина Прилеп, подпомогната од „Прилепска Пиварница“ и „Витаминка“ – Прилеп.
Посебна благодарност сите оние кои што од срце донираа за Стефан!
Од општината најавуваат редовни настани во текот на целото лето!