Денес е Цветна недела- Цветници
Влегување на Господа Исуса Христа во Јерусалим
Цветници е „подвижен празник“, затоа што не се слави на датум, туку датумот зависи од Велигден, а цела недела се нарекува „цветоносна“.
Празникот Цветници познат уште и како Цветоносна недела и „Врбица“, секогаш е една недела пред Велигден и се празнува во спомен на влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, кога неговите ученици и симпатизери со цвеќе и врбови гранчиња, како и со својата облека, му го постилале патот, каде што тој врвел.
Но тогаш разбрал дека неговиот пријател Лазар од Витанија е тешко болен. Исус веднаш се упатил таму, но стигнал четири дена по неговата смрт и по погребот. Сестрите на Лазар, Марта и Марија, го прекориле Исуса велејќи му дека ако дојдел на време немало Лазар да умре. Марта му рекла: „Господи, ако беше Ти овде, немаше да умре брат ми. Но и сега знам што и да посакаш од Бога, Бог ќе ти даде“.
Кога дошол до гробот Исус го повикал Лазара: „Лазаре, излези надвор”. И Лазар веднаш излегол завиткан со платно на рацете и нозете и со крпа околу лицето. Сите што го виделе тоа се почудиле и поверувале дека Исус е синот Божји. Со овој чин Исус уште повеќе се здобил со слава. Потоа, Исус заминал за Ерусалим.
Кога стигнал во подножјето на Маслиновата гора Исус пратил двајца свои ученици во Витфагија да му донесат осле (магаре) и ослица. Им рекол: „одете во селоно, што е наспроти вас и веднаш ќе најдете врзана ослица и осле со неа; одврзете ги и доведете ми ги. А ако ви рече некој нешто, ќе му кажете дека му се потребни на Господа и веднаш ќе ги прати”. Учениците ги донеле, а потоа ги ставиле на ослето своите облеки врз кои седнал Исус и така влегол во Ерусалим поздравен од мноштво народ.
Во спомен на ова свечено влегување на Исус во Ерусалим уште од најраните христијански времиња е востановен празникот Цветници кој, меѓутоа, се празнува од III век. На иконата овој чин е насликан како Исус јава на магаре, а неговите ученици и народот му го постилаат патот со цвеќе и облека.
- раздавале цвеќиња, особено зеленика и дафино, кои се чувале пред иконата како свети нешата. Копривата и врбата се сметаат за симбол на овој ден и тоа е прасловенски сурвивал.
- Причестување во црква, но свечено облечени. Младите невести, заедно со свекрвите оделе на причесна, но прво се причестувало дете до 5 – 6 години, а потоа и таа. Ако невестата нема деца, ќе си земела некое дете од роднините
- Кога се оди на гости, по пат се допираат поминувачите до секоја чешма, која е на пат или извор.
- Играње оро (девојките), а мажите играле само ако имало тапан
- Во црква раздаваат цвеќе (над кое е пеана молитва)
- китка цвеќе, ја ставал во појас и ја носел цел ден.
- се раздавал здравец, а по службата во црквата жените служеле баница, погача, ракија и слично.
- Се берат качунки, петопрс, здравец и други цвеќиња
- Се китат со цвеќе и здравец, пеење, игра
- Кошкањето на децата е обичај, со кој за децата „обезбедуваат“ здравје. Имено, сите ги дигале дечињата, ги подтурнувале, да се нишаат, но да останат на нозе „како што се нишаат врбите, како што се ниша житото“, но не паѓа.
Имендени кои се слават се:Цвета, Цветан,Цветко,Целе и сите имиња, кои означуваат цвеќе, како Трендафил, Каранфил, Роза, Ружа, Босилка, Невена, Јасмин, Јасмина, Виолета…
Девојките одат по ливадите со кошничка и берат лековити треви и прават толку цветни кивчиња колку што има членови во нивното семејство и една поголема китка за пред икона (велат „за куќата“).
По берењето на цвеќињата и при правењето на китчињата, младите невести, девојките и девојчињата пеат:
Ајде Цвето на цвеќе, Лазаре
Цвеќе да си береме, Лазаре,
Китки да си китиме, Лазаре,
Кому китка по китка, Лазаре,
На Лазара пет китки, Лазаре.
Младите невести, девојките и девојчињата со китките во раце пеат и други песни и играат (ретко со присуство на инструменти, туку најчесто самите сѝ пееле, а ритамот се држел со звецкање на накитот и пафтите).