ЕВН ГОДИШНО ЗАРАБОТУВА 2 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПАУШАЛНОТО ОТЧИТУВАЊЕ? – Здружението на инженери бара промена на правилата

Предлог за измена на Правилата за снабдување со електрична енергија

Здружението на инженери бара измени во Правилата за снабдување со електрична енергија со цел воведување месечно отчитување на броилата, како што е предвидено за останатите категории на приклучоци во Тарифниот систем за дистрибуција. Ако, пак, броилото не е отчитано, ЕВН треба да издаде фактура во висина од 420 денари, при што ќе биде прикажана потрошувачка од 0 kWh. По реалното отчитување, потрошувачот ќе добие коригирана фактура, која ќе биде пресметана на база на реалната потрошувачка од претходното до последното отчитување.

Здружението на инженери поднесе официјална претставка до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), барајќи итни измени во Правилата за снабдување со електрична енергија. Според нив, актуелниот систем на паушално пресметување на потрошувачката доведува до неправедно високи сметки за домаќинствата и обезбедува значителни дополнителни приходи за компанијата ЕВН.

Инженерите тврдат дека ваквиот модел на наплата носи до 2 милиони евра годишно за ЕВН, само од разликите што се создаваат при паушалното проценување на потрошената електрична енергија. Тие предлагаат измена на правилата, со воведување месечно отчитување на броилата, како што е предвидено за останатите категории на приклучоци во Тарифниот систем за дистрибуција. Доколку броилото не е отчитано, ЕВН треба да издаде фактура од 420 денари со прикажување на 0 kWh потрошена електрична енергија, а потоа, по реално отчитување, потрошувачот да добие коригирана фактура врз основа на реалната потрошувачка за периодот од претходното до последното отчитување.

Со воведувањето на блок-тарифите на 1 јули 2022 година, РКЕ наложи квартално отчитување на броилата, но инженерите укажуваат дека во пракса често се применува паушално пресметување, што може значително да ја зголеми цената што ја плаќаат граѓаните. Според нив, само со ±10% разлика во проценетата потрошувачка, корисниците можат да бидат преместени во поскап ценовен блок, што значи зголемени трошоци без реална основа за тоа.

„170 денари за потрошувачи во првиот ценовен блок, 830 денари за потрошувачи во вториот ценовен блок и 8.080 денари за потрошувачи во третиот ценовен блок“, објаснуваат од Здружението. Тие објаснуваат дека на годишно ниво, ова може да генерира значителни дополнителни приходи за ЕВН од околу 2 милиони евра.

Со оглед на тоа што во државата има 598.632 домаќинства, а ЕВН поседува 915.492 броила, инженерите изнесуваат процена дека годишната дополнителна заработка за компанијата може да изнесува приближно 2 милиони евра, што, според нив, е неоправдано. Здружението верува дека со предложените измени ќе се спречат неправедните наплати и ќе се елиминира дополнителната неоправдана заработка на ЕВН.

Слични Објави