TOOT QUARTET ни го носат Клод Болинг во Прилеп
Џез вечер со Клод Болинг ќе се одржи на 16 април 2025/ среда/ од 19 часот во фоајето од ЦК „ Марко Цепенков“. Ќе настапи TOOT QUARTET.
Тоот свитата на Клод Болинг за трубач и џез пијано трио, напишана е специјално за францускиот виртуоз трубач Морис Андре кој премиерно ја извел во 1980 година и е важно дело во репертоарот за труба и е едно од најтешките, каде трубачот свири на 5 различни труби.
Македонска верзија на ова дело ја извдуваат квартетот составен од Стојанче Косовски-труба, Емилија Кабранова Филипова-пијано, Зоран Павлоски-контрабас и Филип Шурбевски, тапани. Toot quartet концертираат од 2020 година.