(Видео) ХРАБРА ИНТЕРВЕНЦИЈА ВО КРУШЕВО- Спасен параглајдеристот кој висеше на дрво високо над 30 метри
Во екстремно тешки услови, со силен ветар и во ноќно време, тимот за спасување на планина при Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) синоќа успешно го извлече странскиот параглајдерист кој беше заглавен на дрво на височина од над 30 метри во близина на Крушево. Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, интервенцијата беше исклучително ризична, но…


