|

Денеска почнува есента – летото си заминува вечерва во 20:19

Есента на северната хемисфера почнува денеска во 20:19 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.



Есента годинава пристигна еден ден порано од очекуваното. Наместо на 23 септември, календарот ја означи на 22 септември како почеток на новата сезона. Причината не е во метеоролошки промени или одлуки на синоптичарите, туку во движењето на Земјата околу Сонцето.

Есенската рамноденица го означува моментот кога патеката на Сонцето го преминува небесниот екватор. Тогаш, денот и ноќта се речиси изедначени низ целиот свет. Но, овој астрономски настан не паѓа секогаш на ист датум – поради тоа што тропската година трае нешто повеќе од 365 дена.

Земјата за да ја заврши својата орбита околу Сонцето ѝ се потребни 365 дена, 5 часа, 48 минути и 45 секунди. Овие речиси шест „дополнителни“ часови секоја година предизвикуваат астрономските настани постепено да се поместуваат. Престапните години делумно го коригираат тоа, но не сосема, па рамноденицата во некои години паѓа на 22, а во исклучителни случаи дури и на 21 септември.

Оваа година, есента официјално започува на Северната хемисфера на 22 септември во 20:19 часот. Во истиот миг, за жителите на Јужната хемисфера започна пролетта.

Рамноденицата отсекогаш се смета за симбол на рамнотежа и промена – природен премин од летната изобилност кон есенските бакарни и златни нијанси. Од овој момент, сончевата светлина ќе се намалува сè повеќе, додека зимската краткоденица не го означи најкраткиот ден во годината.

Слични Објави