(видео) Нашата партија: Пензионерите се нашата иднина – иднината е стареење
Од „Нашата партија“ со гордост објавуваме најново ветување:
Забавен парк за пензионери!
Да, време е и тие да добијат свое место под сонцето – буквално, бидејќи сенки нема да има.
Во паркот ќе има шах-табли со фигури кои недостасуваат (нели треба да има нешто и за нас од тендерот), клупи со вграден апарат за мерење притисок, и специјален „панаорамско мини тркало“ – со сите потребни апчиња, освен оние кои нема да ги има и ќе бидат заменети со ментол бонбони.
На отворањето, ветуваме и концерт на златните години со песната „Ни ветуваа и порано“.
А за оние што не можат да одат до паркот – ќе испратиме мобилна клупа на тркала!
Зошто го правиме ова?
– Затоа што пензионерите се нашата иднина — барем до изборите.
-Затоа што младите заминаа, па сега мора некој да ја отвори кампањата и да дојде на митинг.
-И затоа што, ако нешто сме научиле, тоа е дека најмногу гласови има таму каде што најмногу клупи има.
*Овој текст е сатирично дело. Сите личности, партии, ветувања и ситуации се измислени
Фото: Од фејзбук страницата на „Нашата партија“



