Младинскиот центар во Кривогаштани собира книги за својата библиотека
Младинскиот центар во Кривогаштани започна иницијатива за собирање книги со цел да ја збогати својата библиотека и да им овозможи на младите пристап до разновидна литература.
Под мотото „Прочитана? Подари ја!“, младите ги повикуваат граѓаните да донираат книги што веќе ги прочитале, за да можат да ги прочитаат и други.
Добредојдени се романи, лектири, стрипови, поезија, енциклопедии, учебници и други изданија што можат да ги инспирираат младите читатели.
Сите што имаат книги за подарување можат да се обратат преку Инстаграм-профилот @urbano_gnezdo.krg или на телефонскиот број 077/791-167, за да се договорат за донацијата.
Со оваа иницијатива, една прочитана книга може да добие нов читател и да продолжи да живее низ нови приказни.


