|

Реконструкција на вратите и електричната инсталација во СОУ „Таки Даскало“

Во средното општинско училиште „Таки Даскало“ во Битола се реконструираат дел од училишниот простор, со цел подобрување на условите за работа и настава.



Активностите опфаќаат реконструкција на вратите во училиштето во вредност од 1.613.650 денари и реконструкција на електричната инсталација во вредност од 1.434.202 денари. Финансиската рамка на целокупната интервенција изнесува околу 49.641 евра.

Замената на старата столарија вклучува демонтажа на постоечките дрвени врати, поставување нови еднокрилни и двокрилни врати, како и завршна обработка на ѕидовите околу новите елементи.

Реконструкцијата на електричната инсталација подразбира демонтажа на постојната електрична опрема, набавка на нова и нејзино ставање во функција.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, и директорот на училиштето, Ристо Грујовски, денеска извршија увид во текот на работите.

Според најавите, општината и училиштето планираат да продолжат со вакви зафати и во наредниот период, во координација со Министерството за образование и наука. Целта е да се овозможи непречено одвивање на наставата и подобрување на инфраструктурните услови во училиштето.

Слични Објави