|

Македонци блеснаа на светската олимпијада по биологија во Филипини

Македонски успех на 36. Меѓународна олимпијада по биологија – IBO 2025 во Филипини
На 36. Меѓународна олимпијада по биологија (International Biology Olympiad – IBO 2025), која се одржа во Кезон Сити, Филипини, од 20 до 27 јули 2025 година, македонскиот тим постигна одлични резултати во конкуренција од 78 држави.
Тим беше составен од:

  • Георги Николоски, ученик од III година, СОУГ „Мирче Ацев“ – Прилеп
  • Теона Ана Георгиевска, ученичка од III година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
  • Емилиа Аврамоска, ученичка од II година, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје
  • Ања Спасевска, ученичка од IV година, ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје
    Во силната меѓународна конкуренција, македонските ученици постигнаа забележителен успех:
    🏅 Бронзен медал за Теона Ана Георгиевска
    🎖️ Пофалница за Георги Николоски

Слични Објави