| |

БОЈКОТ И ВО МАКЕДОНИЈА – ДАЛИ ЌЕ ИМА ЕФЕКТ?

По примерот на Хрватска, на социјалните мрежи и кај нас започна да се шири повик за бојкот на маркетите поради високите цени на храната.

Граѓаните се повикуваат на последниот ден од месец јануари целосно да се воздржат од купување, со цел да извршат притисок врз трговците, но и врз Владата, за преземање конкретни мерки за намалување на инфлацијата и подобрување на животниот стандард.

Оваа иницијатива доаѓа откако и Босна и Херцеговина вчера најави дека ќе го следи примерот на Хрватска, организирајќи сличен бојкот.

Според повикот, граѓаните треба да ги бојкотираат маркетите, бензинските пумпи, кафулињата и рестораните како израз на незадоволство од скапотијата.

Во Хрватска, граѓаните организираа масовен протест, со кој го изразија своето незадоволство од високите трошоци за живот. Овој протест резултираше со намалување на продажбата во маркетите за 50% во еден ден, што инспирираше и други земји во регионот да преземат слични акции.

Слична иницијатива е најавена и во Црна Гора, каде граѓаните планираат на 31 јануари да се воздржат од купување во супермаркетите и да избегнуваат помали продавници. Целта е да се испрати силна порака дека нереалните поскапувања повеќе нема да бидат толерирани.

Слични Објави