АНКЕТА ВО ОПШТИНА КРУШЕВО
Анкетата која ја направивме меѓу крушевчани ни покажува дека има и задоволни и незадоволни граѓани од локалната самоуправа. Некои се оптимисти, некои критички настроени, некои велат дека секогаш може подобро.
Крушевчани ги имаат истите проблеми како и во другите градови. Инфраструктура, проблеми со паркинг места и останати секојдневни проблеми.