БИТОЛЧАНИ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ЗИМА: ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА СО ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ЗИМСКАТА СЛУЖБА
Oдржаna работна средба на градоначалникот на Општина Битола Коњановски, со претставниците на зимската служба, со цел координирање на активностите за навремено организирање на Програмата за зимска служба на подрачјето на Општина Битола за сезона 2024 – 2025 година.
На работниот состанок на кој присуствуваа сите релевантни претставници, претставници на општинските јавни претпријатија, Македонија пат, Стрежево, како и МВР, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување. Градоначалникот Коњановски ја истакна важноста од непречено и ефикасно спроведување на предвидените активности преку целосно навремено организирање и функционирање на зимската служба.
На денешната средба се истакна важноста од превземање на мерките и активностите за превентивно делување, одржување на редовни состаноци од страна на координативното тело за да се овозможи непречено делување на зимската служба на подрачјето на Општина Битола.
Програмата за зимска служба на подрачјето на Општина Битола за престојната сезоната 2024 – 2025 година беше донесена на седница на Советот на Општина Битола.