ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР: БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2025 ГОДИНА
БУЏЕТСКИ ФОРУМ ЗА 2025 ГОДИНА
Општина Демир Хисар организира буџетски форум за урбаната и месните заедници во општината, со цел нивните предлози да бидат земени во предвид при изготвувањето на предлог-плановите за работа и предлог-буџетот за 2025 година на Општина Демир Хисар.
Форумот ќе се одржи на 22.11.2024 година (петок) со почеток во 12 часот во Салата на состаноци на Советот на Општина Демир Хисар (Домот на пензионерите во Демир Хисар).