Рустемовски со победа на Европското јуниорско првенство

Битолчанецот Арабел Рустемовски, член на БК „Пелистерски Јунак“, ја обезбеди првата и засега единствена победа за македонската репрезентација на Европското јуниорско првенство во бокс, кое се одржува во Нови Пазар, Србија.



Рустемовски блесна во рингот со доминантен настап против силниот руски боксер Денис Красиук, кого го совлада со убедливи 5:0.

Следниот предизвик за младиот битолски талент е закажан за 12 јули, кога ќе се соочи со српскиот репрезентативец Теодор Јосијевиќ. Со нова победа, Арабел ќе обезбеди пласман во полуфиналето и сигурен бронзен медал.

Слични Објави