|

БИТОЛА: НОВИ ВЕЛОСИПЕДСКИ ПАТЕКИ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ Smart4you2

Започната во 2014 како упорен глас и визија на „Битола на точак”, иницијативата за велосипедски патеки по цели 11 години добива свој епилог – Битола конечно влегува на мапата на вело – градови.

„Еден од првите посериозни состаноци кога започнавме ни беше во СВР, каде што ни го презентираа баш овој проект, уште тогаш, дека е одобрен и потпишан, но ете колку години требаше застапување за да го видиме реализиран”, вели Виктор Илиев од иницијативата „Битола на точак”.

До сега има изградено повеќе од 5 километри велосипедски патеки, а во план се да се градат уште.

Во наредниот период, ќе следува доуредување на постоечките патеки – расчистување на теренот, поставување на соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација, со што безбедноста и функционалноста ќе бидат значително унапредени. Паралелно, ќе започне и изградба на нови велосипедски рути во делот на поранешната касарна АРМ и други локации низ градот.

Реконструкцијата на тротоарите на улиците „Васко Карангелевски” и „Партизанска” со нови велосипедски патеки, се реализира со средства од Буџетот на Општина Битола и претставува проектна активност на проектот Smart4you2, поддржан од Европските фондови. Новите велопатеки се дел од пошироката стратегија на општината за подобрување на пешачките зони и воведување велосипедски патеки во клучни делови од градот.

Слични Објави