Златен медал за Вранец од Прилеп во винската престолнина Бордо

Прилепското вино „Вранец со волк“ продолжува да освојува признанија на најпрестижните светски вински натпревари. По успесите во Брисел, Дизелдорф и Белград, овојпат освои златен медал во Бордо, градот кој важи за светска престолнина на виното.

Признанието е доделено во категоријата на вина со вредност над 50 евра, каде конкуренцијата ја сочинуваат врвни вина од различни вински региони во светот. Со оваа награда, прилепскиот Вранец уште еднаш го потврдува својот висок квалитет и препознатливост на меѓународната винска сцена.

„По Брисел, Дизелдорф и Белград, нашиот Вранец со волк освои уште едно меѓународно признание – златен медал во Бордо. Во категоријата на вина над 50 евра, прилепскиот Вранец повторно го потврди својот квалитет на светската сцена“, објави Гоце Станоески.

Ова признание претставува значајна потврда за квалитетот на македонското винарство и уште една промоција на Прилеп како регион кој создава вина способни да се натпреваруваат со најдобрите во светот.

Слични Објави