Поддршка за земјоделците од Преспа
Во рамки на проектот, „ЕУ за Преспа- обнова на природни ресурси и зајакнување на одржливото земјоделство и туризам“, финансиран од ЕУ, Delegation of the European Union, Skopje и делумно кофинансиран од УНДП, Програмата за развој на Обединетите Нации објавува повик до земјоделците од Преспа за учество во „Програма за одржливо земјоделство“.
Проектот „ЕУ за Преспа – Обнова на природни ресурси и зајакнување на одржливото земјоделство и туризам“ е насочен на одржливо управување и употреба на природните ресурси во Преспа кои ќе водат до подобрен квалитет на живот и економски развој преку „зазеленување“ на земјоделството и туризмот.
Во рамките на проектот, земјоделците ќе бидат поддржани со мерки за градење на капацитетите и финансиска поддршка за да се олесни нивната транзиција кон одржливи земјоделски практики, посебно во производството на јаболко, но и други култури. Проектот ќе промовира диверзификација на културите, како и органско и интегрирано производство и сертификација.
Програмата вклучува обуки за добри земјоделски пракси, финансиска поддршка со грантови кои ќе бидат во максималeн износ од 10 000 евра по земјоделец, како и директни менторски сесии со земјоделците кои ќе добијат грант.
Рок за доставување на Пријавата за учество во Програмата за одржливо земјоделство во Преспа e 26 август 2024 година.
Сите потребни информации и документи за пријавување на повикот, заинтересираните земјоделци ќе ги најдат на следниот линк