Бесплатна скрининг мамографија за рано откривање на рак на дојка!!!

Бесплатна скрининг мамографија за рано откривање на рак на дојка!!!

Оваа услуга е клучен чекор кон заштита на вашето здравје. Раното откривање може да направи значителна разлика.

За да дознаете повеќе, ве молиме кликнете на следниов линк на Министерството за здравство:

https://skrining.zdravstvo.gov.mk/screeningapplication

Пријавување за скрининг мамографија

Почитувана, пред да ја пополните апликацијата за искажување заинтересираност за скрининг мамографија ве молиме внимателно прочитајте ги следните информации:

  • Пријавувањето за скрининг мамографија е доброволно и се спроведува согласно Скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка на Република Северна Македонија.
  • Преку оваа страница може да се пријават жени на возраст од 45-69 години кои се без присутни симптоми за рак на дојка, и кои последните две години не направиле мамографија. Исто така, можат да се пријават и жени на возраст од 40-44 години ако:
    • Имаат позитивна фамилијарна анамнеза кај еден или повеќе членови во фамилијата со: рак на дојка, овариуми, дебело црево или панкреас
    • Имаат позитивен BRCA1 и BRCA 2 тест за позитивни генетски мутации
    • Имаат густи дојки
  • Со пополнување на формата се регистрирате за скрининг мамографија директно во националниот систем Мој Термин.
  • Согласно распоредот предвиден во планот за скрининг мамографија, ќе добиете порака за закажаниот термин за скрининг мамографија.
  • Прегледот за скрининг мамографијата согласно Скрининг програмата за рано откривање на рак на дојка е БЕСПЛАТЕН.

Слични Објави