| |

Средба на Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС) во Општина Ресен

Во општина Ресен реализирана и втората средба за размена и вмрежување меѓу Локалните економско-социјални совети (ЛЕСС), домаќини беа Општина Ресен и Локалниот економско-социјален совет при општина Ресен.

Настанот го поздрави Јован Тозиевски, Градоначалник на Општина Ресен, а зедоа учество претставници од ЛЕСС од Битола, Струга, Гостивар, Кавадарци, Ресен и Демир Хисар и други локални чинители.

Од страна на учесниците од бизнис секторот и стопанската комора беше потенцираана важноста и улогата на ЛЕСС во регионалниот економски развој преку активно вклучување во актуелните процеси од кафеава во зелена транзиција. Покрај тоа се дадоја предлози за застапување за поформално учество на ЛЕСС во креирањето на локалните/општински буџети. Се споделија успешни примери за заедничко делување на локалната власт, бизнис секторот, факултетите и граѓанскиот сектор – локални партнерства за вработување преку ЛЕСС – Отворен ден „УКЛО и пријателите“ во Битола за стимулирање на младите да останат во родните места преку понуда на квалитетно школување и сигурни работни места, субвенционирање на летна универзитетска пракса итн.

Организаторите ги потенцираа и позитивните примери, формирањето на комплетно нов ЛЕСС во општина Демир Хисар на иницијатива на локалниот бизнис сектор, активното вклучување на ЛЕСС во подготовката на стратегиите за локален економски развој на општините Ресен и Битола, подготовка и усвојување на нов акциски план на ЛЕСС во општина Гостивар итн.

Настанот е дел од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ во имлементација на МКЦ Битола,со поддршка од Меѓународниот центар Олоф Палме од Шведска.

Слични Објави