Бесплатен превоз секој петок за жителите од поодалечните места
Бесплатен јавен превоз за жителите на подалечните места во Општина Демир Хисар

Општина Демир Хисар, во соработка со јавниот превозник „ДЕ-ХИ Транс“, и ова лето обезбедува бесплатен јавен превоз за жителите од подалечните населени места. Иницијативата е реализирана по барање на граѓаните, со цел да им се олесни пристапот до градот, особено во летниот период кога се зголемуваат потребите за движење и активности.
Ова е трета година по ред како се спроведува оваа мерка, која според локалните власти се покажала како исклучително корисна и потребна за жителите од руралните заедници. Бесплатниот превоз ќе се реализира секоја недела, во петок, заклучно со 29 август 2025 година, а првото патување ќе се изврши на 27 јуни 2025 година.
Со оваа иницијатива, Општина Демир Хисар продолжува да ги поддржува своите жители, особено оние од помалку достапните подрачја, потврдувајќи го својот ангажман за еднаков пристап и подобрување на квалитетот на животот во сите населени места.
Повеќе на Линкот од веб страната на општина Демир Хисар






