|

АРМИСКИ ХЕЛИКОПТЕР ЌЕ ГО ГАСНИ „ПЕПЕЛИШТЕ“

Кај армискиот полигон „Пепелиште“ сеуште гори големиот пожар, но од ЦУК велат дека нема опасност за проширување.

– Нема опасност и загрозување на населби, објекти и инфраструктура, според информации од терен, но и денеска од утрово се дејствува врз пожарот, а ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“, појаснија од Центарот. 

Утрово, ЦУК упати и барање за поддршка за целосно извидување на теренот од воздух до МВР, а и барање за извидување од воздух со дронови на Граничната полиција и на „Фронтекс“ (Европската агенција за гранична и крајбрежна стража, што обезбедува оперативна поддршка во управувањето со границите, како помош и во нашата држава), споделија од Центарот.

Дел од екипите на пожарникарите од ТППЕ и јавните комунални претпријатија од Неготино се концентрирани на поголемите жаришта од пожарот на планината Серта. Тие екипи, заедно и со дел од мештаните, континуирано дејствуваат во тој предел за да го стават пожарот под целосна контрола. Целата операција на дејствување врз пожарот е задолжен да ја води командирот на ТППЕ и по негова проценка, дека има потреба од дополнителни ресурси за справување и гаснење на пожарот, преку градоначалникот на општина Неготино, ќе ги побара од соседните општини, соопштија од ЦУК.

Денес во 12.00 армиски хеликоптер „Ми-17“ треба да се приклучи во гаснењето на пожарот !

Слични Објави