|

Апел до граѓаните: Внимание при палење свеќи на гробишта – спречен поголем пожар кај Новите гробишта во Прилеп

Прилеп, 6 јули – Територијалната противпожарна единица Прилеп упатува апел до сите граѓани да внимаваат при палење свеќи и употреба на отворен оган на гробиштата, особено во летниот период кога ризикот од пожари е значително зголемен.

Денеска, благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Прилеп, спречен е пожар во близина на Новите гробишта да се прошири и да зафати поширока површина. Интервенирано е со три противпожарни возила и вкупно шест пожарникари, кои навремено го локализирале и целосно го изгаснале пожарот.

„Среќа што реагиравме навреме, инаку огнот имаше потенцијал да се прошири кон сувата вегетација и да предизвика значителна материјална штета“, – ТППЕ Прилеп.

Пожарникарите уште еднаш потсетуваат дека невниманието, дури и при најдобри намери како палење свеќи, може да доведе до сериозни последици. Апелираат до сите посетители на гробиштата да не оставаат запалени свеќи без надзор и да избегнуваат фрлање догорчиња и друг отпад што може да предизвика пожар.

Слични Објави