Мештаните ќе го прослават Иванден во обновениот манастир „Св. Јован Крстител“ во Беранци
Во пресрет на големиот христијански празник – Иванден – Раѓањето на Свети Јован Предвесник и Крстител Господов, мештаните од општина Могила ќе го прославуваат празникот во обновениот манастир посветен на светецот, кој со години го негуваат и чуваат со љубов.
Со поддршка од Општина Могила, изминатиов период се реализирани неколку значајни инфраструктурни зафати во манастирскиот комплекс. Поставени се нови бекатон патеки, пробиен и исчистен е патот над манастирот, уреден е дел од паркинг просторот, поставена е нова 10-тонска цистерна за вода, а обезбедени се и средства за изградба на помошни простории и проширување на постојните тоалети.
„Овој настан финансиски го поддржуваме со една цел – да се зачува духовната и културна традиција, и да се надгради манастирскиот комплекс.“ вели, Драганчо Саботковски – градоначалник на општина Могила
Празнувањето на Иванден ќе се одржи вечерва, со верска служба, заедничка молитва и дружење, во духот на традицијата.



