ГОЛЕМО КОЊАРИ И КАДИНО СЕЛО НАСКОРО СО НОВ АСФАЛТ
Локалната Самоуправа на општина Прилеп продолжува со реализација на градежни активности и рехабилитација на патиштата во населените места, со цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.
Жителите на Големо Коњари и Кадино Село наскоро ќе добијат нов асфалт со што ќе се олесни нивната секојдневна комуникација и ќе се овозможи поголема безбедност и поврзаност.
Преку овие инфраструктурни проекти, Локалната Самоуправа се залага за рамномерен развој на сите населени места во општината, при што се води сметка за потребите и барањата на сите граѓани, без разлика дали живеат во урбаните или во руралните делови на Прилеп.