|

„Силјан Штркот“ ден 2 – Битолски театар магичен – децата прекрасна публика (ВИДЕО)

На вториот ден од Театарскиот фестивал за деца „Силјан Штркот“, дечињата уживаа во прекрасната верзија на „Снежана и седумте џуџиња“, на Битолскиот Театар.
Претстава која е апсолутен позитивен пример за тоа што треба нашите дечиња да гледаат, затоа што само со вакви претстави театрите ќе градат добра публика, а општеството ќе добива подобри луѓе. Костими, музика, сценографија, актерската игра на актерите, асолутон секој детал изработен со многу професионализам, знаење, имагинација и пред се љубов кон дечињата.



Организаторите повторно на ниво, а волонтерите насмеани и спремни да помогнат на дечињата и нивните учителки и родители, доколку е потребно. Ни помогнаа дури и нам од ОТВ, за да ја снимиме оваа прекрасна репортажа.

Искра и Петар искрена благодарност од OTV.MK

Слични Објави