Преубава хорска вечер на летната сцена во Цепенков: „Керамија“ и гостите донесоа културна убавина

Во пријатниот амбиент на летната сцена на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, синоќа се одржа незаборавна хорска вечер исполнета со емоции, хармонија и изведби во кои уживаше прилепската публика. Настанот беше облагороден од настапот на дамите од женскиот камерен хор „Керамија“ од Прилеп, кои уште еднаш ја потврдија својата уметничка зрелост и вокална префинетост.

Публиката имаше можност да ужива и во гостинските настапи на Градскиот камерен хор „Астибо“ од Штип и хорот при КУД „Стив Наумов“ од Битола, кои со својата програма донесоа различни музички бои и дополнителна убавина на вечерта.

Водител на настанот беше Филип Димкоски, кој со својата топлина ѝ даде дополнителен сјај на концертната вечер.

Овој културен настан е дел од годишната програма на НУЦК „Марко Цепенков“ за 2025 година и претставува уште едно потсетување дека Прилеп живее и создава култура со љубов и традиција.

Слични Објави