АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор Битола го објави огласот за продажба на станови (по 1000 евра)

АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор го објави огласот за продажба на станови со гаражи и гаражни места во Битола. Во продолжение огласот и постапката.

Предмет на јавното наддавање е станбена единица (ВО ГРАДБА) со  65 (шеесет и пет) станови со паркинг места и 7 паркинг места, во Битола.

За подетални информации за становите  преземете го интегралниот текст,

ПРИЈАВАТА PDF  (WORD) и ИЗЈАВАТА PDF  (WORD) за  станови во градба (ГП „АРМ ЧЕТВРТ 1 БЛОК 2 ОБЈЕКТ 2.2“, БИТОЛА),

како и ПРИЈАВАТА PDF (WORD) и ИЗЈАВАТА PDF (WORD) за паркинг места во градба (7 ВО ОГЛАСОТ, КОИ СЕ ПРОДАВААТ ОДДЕЛНО).

(Ако не ви ги отвара пријавата и изјавата со лев клик тогаш одете со десен клик и потоа Save link as )

За дополнителни информации преземете ги  Правилата  и Одлуката за продажба.

Шемите на станови и паркинг места  за Oбјект ГП „АРМ ЧЕТВРТ 1 БЛОК 2 ОБЈЕКТ 2.2“, БИТОЛА може да ги преземете од Шеми на станови Кат-1   Кат-2   Кат-3   Кат-4  Кат-5.

Огласот е отворен од 10.02.2025 до 03.03.2025 година.

Информации во врска со условите за продажба:
Емилија Пејковска (тел. 078/552378), Гоце Талевски  (тел. 075/217- 532), Весна Котевска  (тел. 076/ 471-044). Марта Караманди Поповски (тел. 070/207-337).

—————-

Изминатата недела, министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во телевизиско интервју истакна дека станува збор за првиот чекор во намалување на високите цени на недвижностите во неколку градови, вклучувајќи Битола, Скопје, Охрид и Штип. Во Битола, продажбата на становите ќе започне по цена од 1000 евра за метар квадратен, а гаражите ќе се продаваат по 500 евра за метар квадратен.

Слични Објави