Општина Демир Хисар се приклучи на семејството „мЗаедница“
Мобилно. Транспарентно. Ефикасно.
Општина Демир Хисар континуирано се труди да го унапреди граѓанското учество на локално ниво, да воведе дигитална трансформација на општинските услуги, да ја подобри ефикасноста и да биде водечка општина во областа на транспарентност и отчетност. За остварување на таа цел Општина Демир Хисар се приклучи на семејството општини кои ја користат дигиталната платформа „мЗаедница“.
„мЗаедница“ е интерактивна дигитална платформа која се состои од мобилна и веб апликација за граѓаните и административен панел за општините. „мЗаедница“ им овозможува на граѓаните и на локалната власт да комуницираат директно и да придонесат заеднички за подобра општина. Мобилната и веб апликација „мЗаедница“ го промовира концептот на мобилно учество (м-учество) им овозможува на корисниците преку користење на мобилен телефон, таблет или комјутер да комуницираат директно со вработените во општинските сектори, да остваруваат права и да влијаат врз активностите кои ги превзема општината.
Мобилната апликација „мЗаедница“ може да се преземе безплатно за корисниците на паметни телефони кои користат оперативни системи на Android и IOS, а веб апликацијата може да се корист на следниов линк https://www.mZaednica.mk.
„мЗаедница“ за граѓаните овозможува: Интерактивна двонасочна комуникација со општината; поднесување на пријави, проблем или предлог, до општината; преглед на сите пријави од страна на граѓаните; можност за поддржување и споделување на пријава од граѓанин; можност за коментар; поднесување на барање за субвенционирање; преглед на сите активни субвенции; преглед на објавени новости од општината; избор на теми од интерес за локални новости; поврзување со социјалните медиуми.
Секој корисник на „мЗаедница“ потребно е да се регистрира и да креира сопствен профил, како индивидуа или како компанија, НВО, медиум или образовна институција. Целокупната активност на корисникот е прегледна во Мој профил кој е достапен само за корисникот.