БИТОЛА – КУЛТУРА „80 ЧЕКОРИ“ – АТМОСФЕРА ЗА ВРЕМЕ НА КУЛТУРНО УМЕТНИЧКАТА ПРОГРАМА
Битола – култура „80 чекори“ е насловот на мјузиклот кој синоќа беше изведен во Центарот за култура во чест на добитниците на четвртоноемвриските награди на општина Битола, по повод Денот на ослободувањето на градот.
Над 200 учесници на сцената, потсетија на значајни моменти од основањето на културните институции и други значајни организации, здруженија, фестивали, меѓу кои првиот настап на КУД „Стив Наумов“, првата претстава на Н.У.„Народен театар“ Битола, прв фолклорен фестивал во Битола, Радио „Битола“, основање на КУД „Илинден“ Битола, основање на „Битолски весник“, Првата опера, фестивал „Браќа Манаки“, „СИ-ДО“, „Интерфест“, „Серенада“..
Публиката понесе многу емоции благодарение на настапот на КУД „Стив Наумов“, А.Ф. „Гоце Делчев“, КУД „Илинден“, Данка Јанковска – водител на Радио Битола во пензија, музичките изведувачи Сефедин Бајрамов, Димитар Андоновски, Полина Тасевска, Бојан Стојков, Кирил Стојчевски, Марина Коруновска, актерите Петар Мирчевски и Живко Борисовски, како и хоровите „Ѕвончиња“, „Коруновска Арс Нова“ и „Тин Поп Рокет“.
Учесниците во мјузиклот беа наградени со силен аплауз, за импресивноста со која ја вратија публиката во минатото, но и потсетија на значајноста на обележјата на градот во сегашноста.