|

Интервју со Славица Најдовска Стојковска

Градоначалникот и советот се двете најзначајни тела, без кои неможе да фунционира една оштина. Колку законито, легитимно и какви одлуки носи овај орган совет на општина, пресудна улога има и Претседателот на советот.

Заследете нѐ на Facebook и први дознавајте за новостите.


Како се формира советот на општината? Дали треба дополнително да се едуцираат избраните советници, за да бидат на ниво на задачата која ја имаат и какви би биле тие обуки? Која е улогата на председателот на советот?

Се разбира, секоја општина е приказна за себе и секоја од нив има можност – во рамките на законот, да даде свој одговор на тие предизвици.

За работата на советот на оштина Новаци  и на погоре наведените прашања погледнете го интервјуто со Славица Најдовска Стојковска – председателка на советот на оштина Новаци.

Законските надлежности Советот ги црпи од Законот за локална самоуправа и Деловодникот на општината, како што се: Свикувањето и раководењето со седниците, организирање на седниците, потпишување на одлуките и доставувањето до градоначалникот, давање иницијатива за претресување одделни прашања од делокругот на Советот и комисиите и усогласување на нивната работа, организира соработка на комисиите и советот со други институции, регулира работи на Комисиите, ако тоа не го прават нивните претседатели, спроведува и толкува одредби од деловодникот и многу друго.

Самиот факт дека Советот е составен од членови од различни партии, а тие мораат да изгласаат важни планови и уредби, па дури и буџетот на општината, понекогаш ја прави улогата на претседателот на советот мошне тешка, но ако тој има вистински способности, овој предизвик може да го претвори во предност и советот да работи во корист на заедниците, наместо да се занимава со партиско препукување.

Крајно, самата поставеност на општината во национален контекст, каде централната власт може да ја водат различни партиски номенклатури, на претседателот на советот му одредува мошне специфични задачи, за  кои треба мудрост и умешност за координирање на најразличните интереси и законски барања, кои произлегуваат и од воспоставените навики, нивото н а соработка и најважното: Локалната политичка и институционална култура.

Да е лено, сигурно не е.

Слични Објави