„Фестивал на жетвата “ во манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци – На 19 и 20 јули 2024
Општина Новаци по трет пат ја организира и ве поканува на манифестацијата „Фестивал на жетвата “ Новаци 2024. Настанот ќе се одржи на 19 и 20 јули 2024 година ( петок и сабота) во дворот и околината на манастирот Рождество на Пресвета Богородица во Новаци.

“Фестивалот на жетвата” е манифестација која по трет пат се одржува во Општина Новаци, како рурална општина каде се наоѓаат најголемите производители на храна во нашата држава. Ваквите настани се организираат со цел да се афирмира општината и нејзините ресурси како многу важен дел кој придонесува за развој на економијата во државата во услови на светска криза, како во областа на храната, така и во областа на енергијата.

Овој фестивал е дводневен на кој се пријавени да учествуваат повеќе од триесет изложувачи на разни видови на земјоделска механизација, препарати, семиња и пестициди, локални производи и домашна традиционална храна.
Фестивалот ќе содржи и забавен и едукативен дел.



