|

Партнерство за поефикасно управување во општините

Вчера се одржа средба меѓу градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најденовски и претставници на IDEAS DePro во рамките на проeктот за зајакнување на капацитетите и искористување на ресурсите, поддржан од USAID и се разговараше за момнеталните капацитети и потребите на оштината во повеќе области.

-управување со општински јавни финансии,

-планирање и извршување на буџет,

-фискална транспарентност и отчетност,

-планирање и прибирање на приходи од сопствени извори,

-пристап до надворешно финансирање, и

  • -овозможувачка средина за вклучување на приватниот сектор

Согласно потребите на партнер општините, Проектот ќе подготви пакет прилагодена Техничка помош и во наредните 18 месеци ќе следи интензивна соработка со градоначалникот и администрацијата во реализирање на предвидените активности со цел унапредување на општинските капацитети за поефикасно извршување на локалните надлежности.

Слични Објави