Голем пожар над обиколницата во Битола
КРИЗНИОТ ШТАБ ЦЕЛОСНО АНГАЖИРАН ЗА СТАВАЊЕ ПОД КОНТРОЛА НА ГОЛЕМИОТ ПОЖАР НАД БИТОЛА
Голем пожар попладнево го зафати просторот над обиколницата во Битола.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски го стави во целосна функција штабот за заштита и спасување, а екипите на терен во постојана координација со градоначалникот се зголемуваат. Во борбата со огнената стихија, вклучени се над 50 лица, од кои 35 пожарникари од ТППЕ Битола, претставници на доброволни противпожарни друштва и граѓани – доброволци.
„Заедно со екипите на Штабот за заштита и спасување, пожарникарите од ТППЕ Битола, доброволните пожарникарни друштва и граѓаните доброволци активно работиме на терен, борејќи се со огнената стихија која ја зафати обиколницата на Битола. Состојбата е сериозна и за жал имаме двајца повредени пожарникари кои не се во животна опасност. Ги ангажираме сите расположливи ресурси за што побрзо локализирање на пожарот.“ – напиша Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на својот ФБ профила