ХУМАНИТАРНИОТ ТУРНИР ВО ТАБЛА ЗА ВИКТОР НИКОЛОСКИ ЗАВРШИ. ПОБЕДНИК Е АНДРЕЈ КРСТЕСКИ
Уште еден турнир во табла организиран од „Ебаго Таблаџии“ заврши, овојпат со хуманитарен предзнак и поддршка за Виктор Николоски.
На турнирот учествуваа љубителите на оваа игра, а најуспешните се пласираа на следните позиции:
- Андреј Крстески – прво место, ваучер од хотел „Тино“ и парична награда.
- Дејан Нортоно Ристески – второ место, ваучер и парична награда.
- Игор Гулабоски – трето место, ваучер и парична награда.
- Христијан Илиовски – четврто место, ваучер.
Наградата за најдобра учесничка ја освои Александра Смилеска.
Организаторите упатија благодарност до сите учесници, како и до кафулето „MyPlace Prilep“ и сопственикот Љупчо Бубе, кој од почетокот ги поддржува турнирите во табла, како и до сите останати поддржувачи на хуманитарниот настан.


