Дивата депонија исчистена – но до кога? Како да ја спречиме оваа слика повторно да ни се повтори?

По само една година мирување, повторно е затрупана со отпад дивата депонија над куќите по патот кон Вештачкото Езеро. На локацијата повторно се исфрла различен вид отпад – од кревети, гарнитури и јоги, до постелнина, облека, обувки, куќен прибор и зелен отпад.

За проблемот реагира и ЈП „Комуналец“ – Прилеп, од каде посочуваат дека одговорноста за чиста животна средина не е само на комуналното претпријатие, туку и на граѓаните.

Од претпријатието потсетуваат дека физичките лица можат бесплатно да го однесат отпадот на депонијата во Алинци, доколку не сакаат транспортот да го изврши „Комуналец“. Воедно, апелираат граѓаните за информации и услуги да се обратат директно кај претпријатието, наместо да ангажираат приватни превозници без да имаат контрола каде завршува отпадот.

Но, повторното создавање на депонијата отвора и едно друго прашање: дали само апелите се доволни за решавање на проблемот?

Сѐ погласни се барањата на граѓаните за конкретни мерки на терен. Една од идеите е да се разгледа можноста за поставување видео-надзор на критичните точки, со стручна проценка за најсоодветните локации и техничко решение.

Целта не би била само повторно да се исчисти просторот, туку да се спречи депонијата повторно да се појави.

Затоа се наметнува потребата од заедничка иницијатива на жителите, локалната самоуправа, комуналното претпријатие и надлежните институции, НВО, здруженија со кои би се утврдило што конкретно може да се преземе – од чистење и уредување на просторот, до превенција и контрола.

Проблемот со дивото фрлање отпад не е нов, но секоја нова депонија покажува дека досегашните апели не го решаваат проблемот трајно.

Време е од апели да се премине кон конкретни мерки.нкретно, стручно и трајно решение.

Слични Објави