|

Прилеп го одбележува 3 Ноември – Денот на ослободувањето

Со полагање свежо цвеќе и оддавање почит пред спомениците на паднатите херои од НОБ, Прилеп утрово ги започна активностите по повод одбележувањето на 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот.

Претставници на локалната самоуправа, институции, организации и граѓани се поклонија пред спомен-обележјата во чест на борците кои ја вградија својата жртва во темелите на слободата. Прилеп, како град со длабоки историски корени, и оваа година порача дека сеќавањето на хероите и нивната борба останува трајна вредност и обврска кон идните генерации.

Во рамките на програмата беше посетен и традиционалниот уметнички и хуманитарен хепенинг, организиран од Ротари клубот Прилеп, каде што уште еднаш се истакна значењето на солидарноста и хуманоста како дел од градскиот дух и традиција.

Свеченото одбележување продолжува вечерва со поставување ѕвезда во чест на Коста Смилески на Арт Плоштадот, како и со свечената седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“, на која традиционално ќе бидат доделени општинските награди „3 Ноември“.

Слични Објави