Единствени во Македонија во Прилеп над 1.200 деца го формираа македонското знаме

Оваа година, повторно 1200 ученици од сите основни и средни училишта од Прилеп се здружија за да го формираат нашиот најголем национален симбол – македонското знаме. Возобновувањето на оваа прекрасна традиција ја зацврстува нашата љубов кон татковината и нејзините вредности, а воедно е дел од богатата програма посветена на 11 Октомври.

Единствено во Македонија по повод големиот национален празник 11 Октомври традиционално во Прилеп над 1.200 деца од сите основни и средни училишта во oпштината го формираа македонското знаме со големина од 24 на 12 метри на плоштадот Методија Андонов Ченто во центарот на градот.

Ова е повеќе од перформанс – тоа е израз на нашата почит кон историјата, кон сите оние кои се бореле за слободата и независноста на Македонија. Симболично, преку овие млади генерации, ја негуваме љубовта кон татковината и ги всадуваме основните вредности на слободата, демократијата и почитта кон националните симболи.

Нашата иднина е во рацете на овие млади луѓе, и затоа е клучно да ги учиме на важноста на историјата, на сплотеноста и љубовта кон нашата татковина. Со нивната енергија и ентузијазам, ние се движиме напред кон нови достигнувања, горди на минатото и полни со надеж за иднината.

Оваа традиција која е започната во 2010 година, лани се возобнови по 5 годишна пауза.

Слични Објави