|

Прогласена Епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од главниот град, откако бројот на заболени продолжи да расте во текот на летната сезона.

Според здравствените власти, епидемијата е прогласена во населбите и подрачјата Пржино во општина Кисела Вода, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево, каде што е регистрирана најголема концентрација на случаи и услови погодни за размножување на комарци.

Во моментов се евидентирани 26 случаи на заболување, од кои кај 24 лица лабораториски е потврден вирусот на западнонилска треска. Од вкупниот број заболени, 25 се од Скопје, а еден пациент е од Велес.

Податоците покажуваат дека најголем дел од заболените се мажи постари од 60 години, кои во изминатиот период извршувале земјоделски и градинарски активности во раните утрински или вечерните часови, кога активноста на комарците е најизразена.

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби досега биле хоспитализирани 29 пациенти, од кои петмина се во критична состојба и се приклучени на механичка вентилација. Викендов е регистриран и првиот смртен случај, откако почина 83-годишен пациент со претходни хронични заболувања.

Од Институтот за јавно здравје потсетуваат дека западнонилската треска е вирусно заболување што се пренесува преку убод од инфициран комарец. Во најголем број случаи инфекцијата поминува без симптоми или со лесна клиничка слика, но кај повозрасни лица и кај пациенти со хронични болести може да предизвика сериозни невролошки компликации. Според официјалните податоци на ИЈЗ, првите случаи на западнонилска треска во Македонија се регистрирани во 2011 година, а до крајот на 2025 година биле евидентирани вкупно 54 лабораториски потврдени случаи и пет смртни исходи.

Здравствените власти апелираат граѓаните да преземат мерки за лична заштита, вклучително и поставување заштитни мрежи на прозорците, користење репеленти против комарци, избегнување престој на отворено во периодот од зајдисонце до раните утрински часови, како и отстранување на застоена вода од дворовите и околината.

Надлежните институции најавуваат засилени активности за дезинсекција и континуиран епидемиолошки надзор во погодените подрачја, со цел да се спречи натамошно ширење на вирусот.

Според последните официјални информации на ИЈЗ, Македонија оваа сезона се наоѓа меѓу европските земји во кои е регистрирана циркулација на вирусот на западнонилска треска, а најголем ризик останува во регионите со зголемено

Слични Објави