Македонија и Бугарија го потпишаа договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8
Македонија и Бугарија го потпишаа Договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8, со што двете земји започнуваат заедничка реализација на клучниот дел од железничката врска меѓу Скопје и Софија.
Новиот договор ги утврдува активностите и обврските на двете држави за подготовка, изградба и оперативност на тунелот, долг околу 2,4 километри – половина на македонска, а половина на бугарска територија.
Проектот претставува стратешка железничка врска меѓу Македонија и Бугарија и е дел од европската транспортна мрежа – Коридорот 8, кој треба да обезбеди подобра поврзаност на земјите од регионот со европските пазари.
Двете држави се обврзаа да ги усогласат техничките и финансиските аспекти на проектот и да обезбедат грант-помош преку европските финансиски институции. Изградбата на тунелот ќе биде поддржана од Европската комисија, Европската инвестициска банка, Европската банка за обнова и развој и Светската банка, со координација и поддршка од САД и НАТО.
Со овој договор, по три децении се отвора патот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел на Коридорот 8, кој ќе придонесе за подобра економска и инфраструктурна интеграција на регионот со Европската унија.


