6.000 ДЕНАРИ ПОДДРШКА ЗА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА ЗА МАТУРАНТИТЕ – ОПШТИНА ДОЛНЕНИ

Општина Долнени продолжува со мерките за поддршка на младите и ги повикува сите матуранти од учебната 2025/2026 година да аплицираат на јавниот повик за доделување ваучери за обука и полагање за возачка дозвола – Б категорија.

Општина Долнени објавува Јавен повик за доделување ваучери за поддршка на матуранти при обука и полагање за возачка дозвола – Б категорија.

Право на учество

Право на пријавување имаат сите матуранти кои во учебната 2025/2026 година завршиле средно образование и имаат живеалиште на територијата на Општина Долнени.

Вредност на ваучерот

Секој избран кандидат ќе добие ваучер во вредност од 6.000 денари за обука и полагање за возачка дозвола – Б категорија.

Потребни документи

  • Изјава дека кандидатот во учебната 2025/2026 година завршил средно образование, односно дека е матурант.
    Образецот на изјавата се подигнува во архивата на Општина Долнени при поднесување на пријавата.
  • Копија од лична карта.

Начин на доделување

Ваучерите ќе се доделуваат по принципот „прв дојден – прв услужен“, до исцрпување на предвидениот број ваучери и исполнување на условите од јавниот повик.

Рок за пријавување

Пријавувањето трае 10 (десет) дена од денот на објавување на јавниот повик.

Пријавите со потребната документација се доставуваат во архивата на Општина Долнени, во работно време.

Ги повикуваме сите матуранти кои ги исполнуваат условите навремено да аплицираат и да ја искористат оваа можност за финансиска поддршка при стекнување возачка дозвола. – Стои во соопштението од општина Долнени

Слични Објави