|

Џабе се чистеше – Поединци пак прават депонии

Општина Долнени со СТРОГИ КАЗНИ за несовесното фрлање отпад!

И покрај тоа што локалната самоуправа целосно ја расчисти и затвори депонијата во селото Дебреште, несовесни поединци повторно почнаа да фрлаат отпад покрај патот и на недозволени места. Како одговор на оваа состојба, Општина Долнени најави ригорозни мерки и засилени инспекциски контроли на терен.

Како што се наведува во официјалното соопштение потпишано од градоначалникот Блерим Ислами, општината, во соработка со надлежните инспекциски служби, започнува со строго спроведување на казнени мерки. Оваа одлука е донесена врз основа на член 22, став 2 од Законот за локалната самоуправа (надлежности за заштита на животната средина) и одредбите од Законот за јавна чистота.

Од локалната самоуправа предупредуваат:

„Секое физичко или правно лице кое ќе биде затекнато како фрла отпад надвор од предвидените места ќе се соочи со парични казни (глоби) и соодветни законски санкции.“

Од Општина Долнени упатуваат апел до сите граѓани да покажат висока свест и одговорност, нагласувајќи дека животната средина и јавното здравје се заедничка обврска и дека не смее да се дозволи индивидуалната неодговорност да го загрози здравјето на сите жители.

Слични Објави