|

Дијалог за промена – Предизвици и решенија против родово базирано насилство

Во просториите на градската библиотека “Борка Талески” – Прилеп, на 10ти Декември, Здружението Центар за развој и едукација Прилеп организираше панел дискусија под наслов “Дијалог за промена: Предизвици и решенија против родово базирано насилство”.

Настанот го отвори Марина Тошеска која потенцираше – дека овој настан има една цел – заедно да го кренеме гласот против родово базираното насилство и да дадеме свој придонес во глобалната кампања 16 дена активизам против родово базираното насилство. Кампања која не е само симбол, туку поттик за конкретни промени, за солидарност, за акција и за создавање заедници во кои секоја жена и девојка е безбедна, почитувана и поддржана.

На настанот д-р Аксиња Гарбеска-Кебакоска од ЈЗУ Центар за јавно здравје -Прилеп даде излагање за превенцијата и социо-здравствените аспекти на родово базираното насилство.

Претставнички на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Прилеп –  Јасминка Митреска – раководител на услуги од социјална заштита  и Гордана Вељаноска – педагог споделија информации за пријавите за родово-базирано насилство, и услугите што ги нуди Центарот за социјална заштита Прилеп согласно законската регулатива за заштита на жртвите на родово базирано насилство. Александра Димитриеска од ОВР Прилеп сподели информации за заштитата која ја обезбедува министерството за внатрешни работи и постапките против сторителите за да се овозможи жртвите на насилство да се чувствуваат безбедни и заштитени.

Сара Богданоска – психолог во Здружение Центар за развој и едукација Прилеп се осврна на потребата од континуирана психолошка поддршка за жртвите на родово-базирано насилство споделувајќи и сведоштво од жртва која се охрабрила да го пријави насилникот и да се избори за безбедна средина за себе, и за своите деца.

На настанот се отворија важни теми поврзани со родово базираното насилство и неговото влијание врз поединците и заедницата. Се дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат жртвите, улогата на институциите, потребата од подобра поддршка и едукација, како и значењето на превенцијата. Беа споделени професионални искуства од луѓе кои директно работат со оваа проблематика, како и лични приказни што поттикнуваат разбирање, емпатија и акција.

Настанот заврши со заедничка порака дека само преку соработка, поддршка и отворен дијалог можеме да изградиме општество без насилство.

Да создадеме заедница каде гласовите се слушаат, каде жртвите не се осудуваат, каде институциите реагираат, а насилниците одговараат.

Промената почнува од секој од нас – со збор, со глас, со постапка.

Овие активности се дел од Програмата на ЦРЕ за обезбедување на социо-здравствени услуги во рамките на проектот ТРАНСАКТ, со поддршка на Австриското Федерално Министерство за труд, социјална политика, здравство, нега и заштита на потрошувачи.

“Дијалог за промена: Предизвици и решенија против родово базирано насилство”.

На 10ти Декември во просториите на градската библиотека “Борка Талески” – Прилеп, Здружението Центар за развој и едукација Прилеп организираше панел дискусија под наслов “Дијалог за промена: Предизвици и решенија против родово базирано насилство”.

Слични Објави