Општина Долнени ги повикува граѓаните да учествуваат во креирањето на Буџетот за 2027 година
Општина Долнени ги повикува граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и институциите активно да се вклучат во креирањето на општинскиот Буџет за 2027 година, со свои идеи, предлози, програми и проекти.
Со овој повик, општината ја нагласува важноста на транспарентноста и граѓанското учество во донесувањето одлуки од локално значење, овозможувајќи им на граѓаните директно да придонесат во утврдувањето на приоритетите за развој на општината.
Предлозите треба да ги одразуваат реалните потреби на населението, од подобрување на комуналната инфраструктура и јавните услуги до унапредување на условите за живот во населените места.
Граѓаните своите предлози и проекти можат да ги достават во електронска форма на е-поштата info@opstinadolneni.gov.mk или во хартиена форма до архивата на Општина Долнени, најдоцна до 25 декември 2026 година.
Вклучувањето на граѓаните во буџетскиот процес е важен чекор кон партиципативно бу.џетирање, поголема отчетност и поодговорно користење на јавните средства. Преку активното учество, жителите добиваат можност нивните потреби и приоритети да бидат земени предвид при планирањето на општинските инвестиции и активности.
Општина Долнени упатува повик до сите граѓани да ја искористат оваа можност и со конкретни предлози да придонесат кон креирање буџет што ќе одговори на потребите на локалната заедница.
Буџетот е на граѓаните – нивниот глас, идеи и предлози се важен дел од развојот на Општина Долнени


