КK „Феникс“ со најмногу медали на „Солидарност Опен 2026“

На 17 мај 2026 година се одржа XXIV традиционален интернационален карате турнир „Солидарност Опен 2026“, на кој учествуваа околу 50 клубови од Македонија, Србија и Албанија.

Карате клубот Феникс го освои првото место во вкупниот пласман, потврдувајќи ја својата доминација со најголем број освоени медали на турнирот.

Особено се истакна Андреа Чочева, која освои четири златни медали и забележа 10 победи без ниту еден пораз, по што беше прогласена за најдобар натпреварувач во кати. 🏆

Феникс турнирот го заврши со вкупно 70 освоени медали:

  • 22 златни 🥇
  • 19 сребрени 🥈
  • 29 бронзени 🥉

Медалисти за клубот беа:

🥇 Златни медали:
Јаков Сиљаноски, Јосиф Ѓорѓиоски, Ева Момироска, Филип Спиркоски, Стефан Петрески, Максим Смугрески, Георгиј Бакаров, Сергеј Ѓуриќ, Јована Конеска, Јована Димитриоска, Андреа Чочева, Антонио Нунески и Димитар Јанески.

🥈 Сребрени медали:
Максим Смугрески, Мила Билбилоска, Анастасија Јанеска, Михаил Петанчески, Јована Богојовска, Леонид Стеваноски, Горазд Мантароски, Матеј Трајкоски, Антонио Нунески и Филип Момироски.

🥉 Бронзени медали:
Јосиф Ѓорѓиоски, Иринеј Стеваноски, Филип Спиркоски, Стефан Петрески, Мила Билбилоска, Ненад Спиркоски, Флора Ристеска, Матеј Трајкоски, Доротеа Стојаноска, Ненад Гоцевски, Сергеј Ѓуриќ, Димитар Јанески, Леонид Стеваноски, Сара Петанческа, Горазд Мантароски, Матеј Темелкоски и Дамјан Стојковски.

Од клубот истакнуваат дека овој успех е резултат на континуираната работа, дисциплина и посветеност на младите каратисти и тренерскиот тим.

Слични Објави