Во „Табана Caffe Club“ ќе се одржи турнирот „Табана Опен“
На 30 и 31 мај во „Табана Caffe Club“ ќе се одржи билјард турнирот „Табана Опен“, кој ќе ги собере најдобрите играчи од регионот во дисциплината 9-ка.
Турнирот започнува на 30 мај во 10:00 часот, а бројот на учесници е ограничен на 48 играчи. Натпреварите ќе се играат по систем на дупла елиминација до последните 16 играчи, со „dry break“ правило и формат „игра до 7“, додека финалето ќе се игра до 9 добиени партии.
Организаторите предвидуваат турнирот да биде поделен во две дивизии:
- А дивизија – котизација 2000 денари
- Б дивизија – котизација 1500 денари
За најуспешните натпреварувачи обезбедени се и парични награди:
🥇 1 место – 30.000 денари
🥈 2 место – 15.000 денари
🥉 3 место – 2 награди по 6.000 денари
🏅 5 место – 4 награди по 2.000 денари
Пријавувањето трае до 29 мај, а заинтересираните можат да се пријават на телефонските броеви:
📞 077/513-279 – Владе
📞 075/233-807 – Давид




