Малолетничка две години следена и вознемирувана – Пријавен 39-годишен прилепчанец

Во Прилеп е пријавен случај на долготрајно следење и полово вознемирување на малолетничка, кој, според наводите, траел речиси две години.

Од СВР Битола информираат дека синоќа во 21:45 часот во ОВР Прилеп, 44-годишен жител на градот пријавил дека неговата ќерка била изложена на вознемирувачко однесување од страна на 39-годишен прилепчанец, кој подолг период ја следел и вознемирувал.

Според пријавата, инцидентот кулминирал вчера во продажен објект, каде осомничениот физички ја допрел малолетничката, по што семејството случајот го пријавило во полиција.

Од полицијата соопштуваат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Слични Објави