| |

(видео) „СААТОТ“ – Првенчето на Лидија Митоска Ѓoрѓиевска, во режија на Кристина Димитрова

Театарот “Војдан Чернодрински” утревечер премиерно ќе ја изведе претставата 🎭“СААТОТ” од Лидија Митоска-Ѓорѓиeвска, во режија на Кристина Димитрова.

🌟По тој повод денеска се одржа прес конференција на која пред новинарите се обратија Марија Попова Јованоска, директор на Центарот за култура, Михајло Миленкоски, раководел на театарот и екипата вклучена во реализацијата на претставата, која говори за судирот меѓу објективното и субјективното време.

СААТОТ

од Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Режија: Кристина Димитрова

Драматург: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска

Сценoграфија и костими: Благој Мицевски

Музика: Филип Јездиќ и Томе Темелкоски

Играат:

СААТОТ – Филип Јездиќ

ЈОВАН – Димитар Ѓорѓиевски

ВЕРА – Наташа Ачански

Вокална појава – Ана Митоска

Слични Објави